Соопштенија

КОНКУРС - за делегирање на надлежноста на Општина Велес за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост на здружение на граѓани

Врз основа на Одлуката за делегирање на надлежноста на Општина Велес од областа на социјалната заштита за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.2/15) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.3/15), Градоначалникот на Општина Велес, распишува

КОНКУРС
за делегирање на надлежноста на Општина Велес за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост на здружение на граѓани

 

Право на учество на конкурсот имаат здруженија на граѓани од областа на родовата рамноправност и еднаквите можности помеѓу жените и мажите со соодветна програмска активност.
Се делегираат надлежностите од областа на родовата рамноправност и еднаквите можности помеѓу жените и мажите предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост.
Обврска на здружението на граѓани е во целост да јги испланира и организира активностите за реализиција на Оперативниот план за родова еднаквост.
Финансиската конструкција за реализација на делегираната надлежност е содржана во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заѓтита, глава V – Родова рамноправност, реден број 1 – Активности по Оперативен план за родова еднаквост што е составен дел на ЛАПРЕ.
Кон пријавата здружението на граѓани треба да приложи:
1. Акт за регистрација на здружението издаден од Централен регистар со прилог Програма за работа.
2. Полн назив и адреса на субјектот што ќе ги реализира активностите од делегираната надлежност;
3.Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на делегираните надлежности (Програма за реализирање на делегираната надлежност);
4. Финансиска структура на активностите;
5. Име, презиме и матичен број на лицата ангажирани во реализирање на делегираните надлежности, нивна квалификациона структура и професионално искуство;
6. Име, презиме и контакт телефон на одговорното лице за реализација на делегираните надлежности.
За меѓусебните права, обврски и одговорности за реализација на делегираните надлежности помеѓу Општина Велес и здружението на граѓани ќе се склучи договор, согласно Законот за облигационите односи.
Заинтересираните здруженија пријавите со горе наведените прилози може да ги достават до Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на Конкурсот во архива или по пошта на адреса: ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес, со назнака за „Комисија за делегирање надлежности за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост.
Пријавите со непотполна документација и доставени после предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
Сите заинтересирани здруженија на граѓани подетални информации за објавениот конкурс можат да добијат во Општина Велес на тел. 232-406 локал 113.

Градоначалник
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев