Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - Стручната расправа по Нацрт Измена и дополна на ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од УЕ 4, УБ 32 и УЕ 9 УБ47

Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

 

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

СТРУЧНА РАСПРАВА

за Нацрт Измена и дополна на ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од УЕ 4, УБ 32 и УЕ 9 УБ47, Општина Велес, плански период 2015 -2025г.

Границите на планскиот опфат се следните:
Границата оди по следниот редослед:
На југ започнува од пресекот на речното корито на река Вардар и улица „Ордан Џинот“, потоа продолжува по осовината на оваа улица се до пресекот со сервисна улица, од каде продолжува на југ по осовината на оваа улица се до пресекот со границата на планскиот опфат на град Велес. Од тука продолжува на север по оваа граница се до пресекот со улица “Вера Циривири”,од каде оди на запад по осовина се до пресекот со друга сервисна улица. Потоа продолжува на север по осовината на оваа улица и улица “Димитар Влахов”, се до пресекот со осовината на мостот на река Вардар, од каде се движи на југ по осовината на коритото се до пресекот со улица “Ордан Џинот“
Вкупната површина што ја зафаќа планскиот опфат за измена и дополна на ГУП за дел од УЕ 4 УБ 32, УЕ 9 УБ 47 Велес, изнесува 33,03ха.
Стручната расправа по Нацрт Измена и дополна на ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од УЕ 4, УБ 32 и УЕ 9 УБ47, Општина Велес, плански период 2015 -2025г. ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 09.03 2015 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев