Соопштенија

Соопштение - Забрана на вода за пиење од природни чешми

Општина Велес ги информира граѓаните дека водата за пиење од природните чешми на територијата на Општина Велес е со непостојан квалитет и не е погодна за пиење согласно прописите за безбедност на водата.

Единствено водата од градскиот водоснабдителен систем и природната чешма во Башино село се со квалитетна и здравствено безбедна вода за пиење.

Во услови кога во непосредна близина на Општина Велес е прогласена епидемија од туларемија, Ви препорачуваме да ја користите само безбедната вода за пиење.

Општина Велес упатува апел до граѓаните за почитување на забраната заради заштита на нивното здравје и сигурност.