Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ - КП бр. 1541/14, КО Караслари

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (“Службен весник на РМ” број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за стопански комлекс, со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, на КП бр. 1541/14, КО Караслари, Општина Велес.

 

Податоци и информации:
1.Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
2.Назив на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за стопански комлекс, со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, на КП бр. 1541/14, КО Караслари, Општина Велес
Краток опис на документот:
При предвидување на вкупниот број население во 2010г., респектирани се повеќе претпоставки. Земани се во предвид досегашните тенденции во движењето кај вкупното население. При тоа е претпоставена тенденција на постојано намалување на стапката на наталитет, односно природен прираст. Исто така, битна претпоставка е поклопување на емиграции и миграции, односно неутрално и миграциско салдо. Ваквите претпоставки се базираат на очекуваниот социоекономски развој на градот и општината во наредниот период, кој треба да обезбеди релативни помали територијални движења на населението во однос на досегашните.
Планирањето на содржината, бројот и капацитетот на функциите на општествениот стандард и јавните фунции има за основна цел оптимализирање на животниот стандард на населението преку подобрување на условите за задоволување на потребите. Велес имајќи ја превид планираната популациска големина и перспективата на постојна општина, располага со спектар на капацитети како: дом на култура, библиотека, пензионерски дом, банки, театар, пошта, болница и други содржини и намени од областа на законодавно-административни, здраствено-социјални културно-историски и други чинители кои ќе придонесат за побрз развој на Велес и Општината во целост.
Во рамките на планскиот опфат, за изработка на Локална урбанистичка планска документација за стопански комлекс, со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, на КП бр. 1541/14, КО Караслари, општина Велес, е во фунција на ваквиот концепт, како можност за понуда на квалитетни услуги во функција на стопанскиот развој која.
ЛУПД преку непосредна реализација треба да се обезбеди просторни можности за хумано живеење и работа, преку просторен развој на стопанските и нестопанските дејности, заштитата на наследените културни и природни вредности и заштитата на животната средина се базира на популацијата и станбениот фонд во населбите во непосредна близина.
Како приоритетни потреби се:
-оформување на целокупната сообракајна инфраструктура, коловоз, тротоари, пешачките патеки, поврзување на денивилираните површини со рампи и скалишен простор, со дефинирање на оските на движење и реконструкција на постојните патеки;
-атмосферската вода со барање за нејзино приклучување во најблискиот рецепиенд или река Вардар;
-сообраќајот во мирување да се решава во парцелата засебно;
-изградба на објекти во оформена градежна парцела;
-изедначен систем на градба во целиот локалитет согласно содветната законска и техничка норматива;
Планот предвидува урбанизација со почитување на сите законски определби и нормативи.
3.Назив и решение за Спроведување на стратегиска оцена: бр. 15-1901/2 од 13.03.2015 од Министерство за животна средина и просторно планирање.
4.Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.
Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за стопански комлекс, со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, на КП бр. 1541/14, КО Караслари, Општина Велес, се донесува од срана на Градоначалник на Општина Велес.
5.Засегната јавност: Правни и физички лица од непосредната околина и пошироко.
6.Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за стопански комлекс, со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, на КП бр. 1541/14, КО Караслари, Општина Велес ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот Од 01.04 2015 до 1.05 2015год. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 15.04.2015г. (среда) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.
7.Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Во градежната парцела 1.02 со површина од 22.209,01м2., се утврдува простор ограничен со градежни линии во кој е дозволено поставување на површини за градење на повеќе градби согласно со дозволениот процент на изграденост на земјиштето, истите се определуваат преку изработка на Архитектонско-урбанистички проект, согласно член 51, став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, (Службен весник на РМ број. 51/05, 137/07 , 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), односно согласно член 39, став 4 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, (Службен весник на РМ бр. 63/12, 126/12, 19/13, 95/13, 167/13, 37/14, 125/14 и 148/14);
Слободниот простор во рамките на парцелата наменети за јавни функции треба да се решава преку проекти за партерно уредување со обработка на пешачки патеки, осветлување и поставување на нужна урбана опрема и сл. - со соодветно применети мерки за заштита на елементите на животната средина.

ОПШТИНА ВЕЛЕС
Сектор за урбанизам,заштита на животната средина,
комунални дејности, сообраќај, патишта,
локален економски развој и информатичка технологија
Раководител,
Деан Стојанов


ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕШТАЈ