Соопштенија

Градоначалникот Славчо Чадиев, Ви го честита најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Почитувани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на православните верници на МПЦ во земјата и во странство и на сите христијани им го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден и Ви посакувам здравје, радост, љубов и спокој во сечие срце.

Мирот Божји и неговата безрезервна љубов , нека ни бидат утеха и поткрепа , нам и на нашите семејства.
За многу години, Христос воскресна.

м-р Славчо Чадиев
Градоначалник на Општина Велес