Соопштенија

Јавен повик за пројавување на интерес за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен пазар во Општина Велес

 

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), а согласно Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Велес  за 2015 год. („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 13/14)
Општина Велес  на ден 14.04.2015 година, објавува 

ЈАВЕН ПОВИК
за интерес
Повик за пројавување на интерес за воспоставување на јавно
приватно партнерство за изградба на затворен пазар во Општина Велес

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
1.1.Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес на потенцијални приватни партнери, со кој би се склучил Договор за воспоставување на ЈПП за изградба на затворен пазар со деловни и административни простории на просторот каде што е лоциран градскиот пазар во Општина Велес.
1.2.Планиран простор за затворен пазар е посточката локација на Градскиот пазар-отворен пазар на ул. „Анѓел Мишев“ бр.40.
-предвидено е градежната парцела за оваа намена да изнесува 6000 м2.
2.ОБВРСКА НА ПРИВАТНИОТ ПАРТНЕР
2.1Приватниот партнер ја презема обврската да обезбеди јавна услуга за крајните корисници од предметот-затворен пазар, кој го определува јавниот партнер –општината.
Приватниот партнер превзема обврска:
-Да ја финансира изработката на урбанистичката документација (детален урбанистички план);
-Да ја финансира во целост целата проектна документација за изградба на објектот а при тоа идејното решение и основниот проект да бидат одобрени од страна на јавниот партнер – општината;
-Да ја финансира во целост изградбата на објектот согласно одобрениот основен проект од страна на јавниот партнер – општината;
-Да ги финансира сите пропратни трошоци поврзани со изработка на техничата документација и со самата изградба на објектот;
-По завршување на изградбата на објектот приватниот партнер потребно е да го отстапи на јавниот партнетр - општината целиот простор предвиден за пазар;
-По завршување на изградбата, доколку со Студијата за одржливост се утврди оправданост од дополнителен деловен или административен простор, приватниот партнер го отстапува и тој простор на општината.

3.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
3.1.Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани правни и физички лица лица со поднесување на Пријава која е потребно да содржи содржи:
-Назив на правното или физичкото лице;
-Адреса на правното или физичкото лице;
-Проектна програма за започнување на ЈПП
Проектната програма за започнување на јавното приватно партнерство потребно е да ги содржи следните податоци:
-Краток опис на дејност на правното лице (Само за правни лица);
-Краток историјат на правното лице како и основни финансиски показатели за изминатите 3 години;
-Предлог план за начинот на користење на просторот во објектот;
-Технички предлог за катноста на објектот и неговите висини;
-Дополнителни информацици кои за кои што подносителот смета дека се битни за постапката;
4.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава за интерес до архивата во Општина Велес, со назнака „За Јавниот повик за воспоставување на ЈПП“, во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Истиот јавен повик е објавен во дневениот печат Вест на 14.04.2015 год.

Број 08-2558/1      
09.04.2015 година        
Велес

Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев