Соопштенија

ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ СОВЕСНО КОН ПРИРОДАТА

Согласно Програмата за одржување на Јавна чистота на територијата на Општина Велес, предвидена за 2015 година, пред почетокот на месец Мај од страна на ЈКП ,,Дервен" се изврши чистење на Езеро ,,Младост".

За време на престојните празнизници од страна на ЈКП,,Дервен" ќе бидат поставени дополнителни садови за отпад.

Се апелира до сите граѓани кои престојните празници ќе ги поминат на Езеро „Младост“ совесно да постапуваат со отпадот кој ќе го создадат, односно истиот да биде ставен во садовите за отпад (а не оставен било каде). Совесното однесување на граѓаните ќе придонесе за заштита на животната средина.