Соопштенија

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач за месец мај

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14 и 166/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 22 мај 2015 година (петок) во 19 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на Општина Велес.

 

Бидејќи испитот во месец април не се одржа поради недоволен број на пријавени кандидати, оние кандидати кои требаше да полагаат во април, ќе можат своето право да го остварат во горе наведениот термин без повторно поднесување на пријава.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.