Соопштенија

Известување за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за УПВНМ, за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувач

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Урбанистички план вон населено место (УПВНМ), за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес, плански период 2015-2025 год.

Податоци и информации:

1.Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
2.Назив на планскиот документ: Урбанистички план вон населено место (УПВНМ), за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес.
3.Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донeсување на Урбанистички план вон населено место (УПВНМ), за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес. Се работи за плански опфат со површина од 61.31ha која ја зафаќа границата на планскиот опфат, со намена Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. “Кумсал“, КО Мамутчево, Општина Велес. Главна цел на донесувањето на планскиот документ е да се овозможат услови за планирање на просторот и реализација од страна на корисникот - сопственикот на земјиштето, со конкретна намена и максимално користење на парцелата.
4.Назив и број на Одлука: Известување со кое нашата Одлука за спроведување на стратегиска оцена со бр. 15-3910/2 од 04.05.2015 се прифаќа од Министерство за животна средина и просторно планирање.
5.Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.
6.Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Урбанистички план вон населено место (УПВНМ), за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес, се донесува со Одлука од страна на Советот на Општина Велес.
7.Засегната јавност: Жителите од селата во непосредната околина на опфатот.
8.Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за УПВНМ, за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес, ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 08.06.2015г. (понеделник) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.
9.Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Планскиот опфат за кој се изработува УПВНМ се наоѓа во КО Мамутчево.
Вкупната површина што ја зафаќа планскиот опфат изнесува 61.31ha.
Границата на планскиот опфат на УПВНМ, за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес, е дефинирана со следната граница:
• исток - граничи со граница на К.О. Каратманово;
• запад - граничи со постоен локален - општински патен правец (за с. Мамутчево) и КП 1481;
• север - граничи со железничка пруга Велес - Кочани и КП 1536;
• југ - граничи со дел од граница на К.О.Каратманово магистралниот патен правец Велес - Кочани - Делчево - Р.Бугарија (А-3);
Планскиот документ со новодефинираните површини, како и со потврдување на постојната инфраструктура ќе има одредени влијанија врз животната средина, од причини што планскиот документ се однесува за наменската зона дефинирана како зона на стопанство-лесна и назагадувачка индустрија. Влијанијата врз животната средина се очекуваат во фаза на спроведување на планот при градба на објектите и нивна употреба кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина - студии за оцена на влијанието на проектите врз животната средина и елаборати за заштита на животната средина.
Ако се има во предвид дека планираниот опфат е со намена лесна и незагадувачка индустрија, се очекува перспективно да се развијат дејности кои немаат кумулативно влијание врз животната средина.
Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување на инвестициите во општината и отворање на нови работни места.