Соопштенија

Јавна презентација УПВНМ - Мамутчево

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Урбанистички план вон населено место (УПВНМ), за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес.

Границата на планскиот опфат на Урбанистички план вон населено место (УПВНМ), за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес е дефинирана со следната граница:
• исток - граничи со граница на К.О.Каратманово;
• запад - граничи со постоен локален-општински патен правец (за с. Мамутчево) и КП 1481;
•север- граничи со железничка пруга Велес - Кочани и КП 1536;
•југ- граничи со дел од граница на К.О.Каратманово магистралниот патен правец Велес - Кочани - Делчево - Р. Бугарија (А-3).
Локалитетот се наоѓа источно од Велес, а југо-источно од с. Мамутчево. Локалитетот го тангира локалниот-општински патен правец (за с. Мамутчево) и магистралниот патен правец Велес - Кочани - Делчево - Р. Бугарија (А-3).
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 67,31 ха.
Нацрт Урбанистичкиот план вон населено место (УПВНМ), за стопански комлекс, со основна класа на намена на површини Г - (производство, дистрибуција и сервиси), односно класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, Г3 - сервиси и Г4 - стоваришта, на локалитет во м.в. "Кумсал", КО Мамутчево, Општина Велес, ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 02.06.2015 – 17.06.2015 година секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 11.06.2015 година (четврток) со почеток во 12.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес

м-р Славчо Чадиев