Соопштенија

Во Велес е отворен Фестивалот на новиот германски филм

Вчеравечер во Велес беше отоворен Фестивалот на новиот германски филм кој Германската амбасада во Скопје и одделот за култура во Амбасадата веќе десетта година по ред организираат во повеќе градови во Македонија. Фестивалот за отворен го прогласи господин Ханс Хелге Зандер, Заменик амбасадор и раководител на одделот за економија на Германската амбасада и г-ѓа Марина Серафимовска, локален соработник на Амбасадата во истиот оддел.

Повеќе...

Поделени првите бесплатни канти за отпадоци

Општина Велес и оваа година се вклучи во одбележување на националната еколошка акција за расчистување на отпадот од јавните површини наречена „Македонија без отпад 2014”. Викендот се работеше на два пунктови: генерално чистење на населбата Караслари и поделба на бесплатни канти за отпадоци за граѓаните.

Денес, екипи на Општина Велес и ЈКП „Дервен” заедно со Градоначалникот Славчо Чадиев ја продолжија акцијата во која на 230 велешки семејства се изврши дистрибуцијата на стандардизирани канти за комунален отпад.

Повеќе...

Мостот „Гемиџии" во Велес е целосно саниран и реконструиран

Завршија градежните работи за санација и реконструкција на мостот „Гемиџии” во Велес кој е дел од регионалниот пат Р 1312. Оваа реконструкција, Јавното претпријатие за државни патишта ја започна на почетокот на месец март по претходно изработена техничка и проектна документација.

Повеќе...

Општина Велес дел од акцијата “Македонија без отпад 2014”

Општина Велес и оваа година се вклучи во одбележување на националната еколошка акција за расчистување на отпадот од јавните површини наречена „Македонија без отпад 2014”. Се работеше на два пунктови: генерално чистење на населбата Караслари и поделба на канти за отпадоци за граѓаните. Започнувајќи од 01.11.2014 година. во населеното место Караслари за прв пат се воведува организирано собирање на отпад од страна на ЈКП „Дервен”. За таа цел се расчистуваа дивите депонии во населеното место кои со текот на годините се создавале заради невоведена услуга за собирање на отпадот.

Повеќе...

Делегација на Велес во посета на збратимените турски општини

Изминатата недела делегација од Општината Велес предводена од Градоначалникот Славчо Чадиев и Претседателот на Советот Александар Колев, оствари работна посета на збратимените општини од Репбулика Турција, Каршијака и Адалар како и на градот Бига.

Повеќе...

23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Општина Велес по повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, Ве поканува на

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ

21 Октомври 2014 (вторник)

13:00 „Балканските војни во Македонија 1912 – 1913“ изложба на документи и фотографии
Автори: проф.д-р Зоран Тодоровски и проф. д-р Александар Трајановски

Место:Ликовен салон
22 Октомври 2014 (среда)

12:00 СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА
Обраќање на Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев
„23-ти Октомври – Ден на македонската борба“
проф. д-р Марјан Димитријевски
Уметничка програма во изведба на
трио „Триола“
Место: сала „Бели мугри“

Oтворен 12-тиот Меѓународен салон на стрип

Во Ликовниот салон во Велес вчера свечено беше отворен 12-тиот јубилеен Меѓународен салон на стрип. На свеченоста беа доделени наградите по распишаниот конкурс за стрип „Велес 2014“. Годишното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ го доби книжарницата „Бункер“ од Скопје, додека специјалното признание за развој на стрипот во светот му припадна на Ервин Рустемагиќ од Словенија. За победник на овогодинешниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ е избран Саша Арсениќ од Србија.

Повеќе...

Одбележување на Светскиот ден за бобра против гладта

По повод Светскиот ден за борба против гладот, Општина Велес оддели 20.000 денари со кои ќе им се помогне на 10 семејства со по 2.000 денари. Изборот на семејствата на кои општината ќе им додели еднократна парична помош, заедно го извршија Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општинската организација на Црвен крст. Тие располагаат со евиденција на податоци за лица со приоритет, лица на кои им е неопходна ова помош. Подпретседателката на ОО на Црвен крст Велес, г-ѓа Марија Настова симболично го прими решението од член на Советот на Општина Велес г-ѓа Нада Трајкова.

Повеќе...

Реконструкција на водовдна линија на дел од ул. Максим Горки

ЈКП „Дервен“ овие денови работи на реконструкција на застарена водоводна линија долж ул. „Максим Горки“, од спојот со ул. „Кирил и Методиј“ до спојот со ул. „9 Ноември“, во должина од 100 метри.

Повеќе...

Од практикантска работа до вработување и самовработување

Во рамките на спроведувањето на проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост, во Општина Велес се оствари отворена работна средба со регионалниот проект координатор, институции на локално ниво, организации и здруженија на лица со попреченост.

Повеќе...