Соопштенија

Информативна средба за развојните фази на ЈПВ „Лисиче“ - Велес

Градоначалникот Аце Коцевски денеска оствари информативна средба со претставници на Германската развојна банка KFW, Министерството за земјоделство, консултантската компанија „Пропоинт“ од Скопје, и претставници на ЈПВ „Лисиче“- Велес.

Повеќе...

Затворена првата скулпторска колонија

Со свечен  прием за учесниците на првата меѓународна скулпторска колонија, денес во Општина Велес беше заокружено првото издание на овој значаен културен настан. Шестмина реномирани уметници, скулптори од државата и странство, во периодот од 24 јуни до 7 јули 2019 година, своите инспирации ги преточија во вистински уметнички ремек дела, кои остануваат во сопственост на градот.

Повеќе...

Фолклористите на средба со градоначалникот Коцевски

Во просториите на Општина Велес, денес, градоначалникот Коцевски приреди официјален прием за претставниците на фолклорните друштва кои се дел од шеснаесеттото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2019”. Покрај градоначалникот на Општина Велес, гостите ги пречекаа и членовите на Организациониот одбор на фестивалот.

Повеќе...

Осврт на досегашните практики во областа на рамномерниот регионален развој

Денес во просториите на хотел „Гарденија” во Велес се одржа меѓународна конференција за размена на добри практики во областа на рамномерниот регионален развој.

Повеќе...

Коцевски и Милевски во посета на с. Мамутчево

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, денес беа во посета на с. Мамутчево, Велес каде остварија увид во градежните работи на резервоарот за водоснабдителниот систем за Индустриската зона „Мамутчево”.

Повеќе...

Заврши дистрибуцијата на канти за отпад за 2019 година

Во согласност со  Планот за 2019 година ,Општина Велес набави 1380 канти за отпад. Набавката се спроведе со средства од буџетот на Општина Велес од Програмата за заштита на животна средина во вкупен износ од 1.213.000,00 ден.

Повеќе...

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиj“ настапи во Чанаккале, Турција

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј” од Велес под раководство на проф. Веселинка Маџарова во периодот од 2 до 7 јули 2019 година, учествуваше на  петтиот меѓународен Фестивал на културата во Чанаккале, Република Турција.

Повеќе...

Нова урбана естетика со првата скулпторска колонија

Од 24 јуни до 7 јули годинава, шестмина уметници од земјава и од странство создаваат скулптури наменети за граѓаните на Велес. Како што на денешната прес конференција рече градоначалникот Аце Коцевски, првата меѓународна скулпторска колонија е несекојдневен спој на практичното и естетското.

Повеќе...

Градскиот базен наскоро во функција

Компанијата „ПН-МП Тренд ДООЕЛ“ од Велес чиј управител е Наташа Петковска во наредниот период ќе го користи Градскиот базен во Велес, соопшти денеска градоначалникот Аце Коцевски. Компанијата ќе го користи базенот во наредните 3 години за месечен надоместок од 61.000 денари плус ДДВ, цена постигната на јавното наддавање.

Повеќе...

Стартува 16-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал

Од 3 до 7 јули годинава, велешани ќе имаат можност да уживаат во светската фолклорна ризница. 16-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” ќе донесе богата програма со вкупно 17 ансамбли: 11 од земјава и 6 од странство.

Повеќе...