Соопштенија

Нови сообраќајни решениja на крстосницата кај „Црна Пека Петрол“

Во тек се градежни активности за реконструкција на крстосницата формирана од улицата „АСНОМ” и улицата  „Андон Шурков”, во близина на бензиската пупма „Црна Река Петрол”

Повеќе...

Официјален старт на Х Фактор Акцелератор во Велес – поддршка за нови компании

Во деловните простории на Х Фактор Акцелератор, во Велес, денес се одржа првиот “Opening Meetup” настан, преку кој организаторите испратија порака дека работејќи и вложувајќи заедно може да се придонесе многу во раздвижувањето на стартап сцената надвор од главниот град, зајакнувајќи го регионалното претприемништво.

Повеќе...

Поставени 19 контејнери за селектиран отпад

Општина Велес постави 10 контејнери од 1,1 m3 во жолта боја на јавни површини со што и официјално ја започна примарната селекција за граѓаните од колективно домување, трговските објекти и други правни субјекти. Донацијата обезбедена од колективниот постапувач ПАКОМАК е со вредност од 86.942,00 денари.

Повеќе...

Претставени решенија за шелтер центри и советувалишта во Велес

Денес во просториите на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, во Велес, беше одржана локална трибина на која се промовираа наодите од Методологијата за утврдување на трошоците за специјализираните услуги за жени жртви на насилство и на семејно насилство, дефинирање на цените и проценка на цените за шест услуги.

Повеќе...

Водата во Езерото Младост со одличен квалитет

Последните микробиолошки испитувања на водата во Езеро Младост, спроведени во месец мај и јуни од страна на акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје Велес покажуваат дека во однос на микробиолошките индикатори езерската вода е оценета како “одлична”.

Повеќе...

Започна ВЕЛЕС ФЕСТ-камерен концерт на врвни руски солисти во Велес

Во рамки на велешкото културно лето „Велес Фест”, во организација на Руската државна агенција Россотрудничество,  Амбасадата на Русија и со поддршка на Општина Велес, во просториите на општинската зграда, денес се одржа камерен концерт на еминентни руски солисти насловен како „Амбасада на мајсторството”.

Повеќе...