Соопштенија

Започна со работа Собирниот центар за отпад од пакување

Ставен во функција е Собирниот центар за отпад од пакување кој го управува ЈКП Дервен. Се наоѓа во непосредна близина на градската депонија.
Со финансиска поддршка од буџетот на Општина Велес и со средства од ЈКП Дервен, на локацијата се поставени депо за складирање на отпад од пакување и депо за складирање на електричен и електронски отпад, поставен е видео надзор, електронска рампа за влез, пелетар со мерна вага и преса за балирање донирани од ПАКОМАК Скопје, како и сите пропратни содржини неопходни за функционирање на собирниот центар. Потребите за електрична енергија се обезбедуваат од сонце преку поставен фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија.

ЈКП Дервен доби Дозвола за складирање и третман на отпад од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање со што се исполнети сите предуслови за непречена работа на центарот.
Картонската амбалажа што секоја вечер се собира од централното градско подрачје и отпадот што два пати седмично се собира од домаќинствата вклучени во системот за селекција, овие денови се превзема од овластен оператор со кој ЈКП Дервен има склучено договор. Со првата пратка ќе бидат предадени над 20.000 кг. отпад од пакување.
Општина Велес на сите граѓани кои активно учествуваат во системот им се заблагодарува на соработката и ги охрабрува да продолжат ја практикуваат селекцијата на отпадот во своите секојдневни активности.