Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП за дел во УЕ 4, УБ 32, Општина Велес

 

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2016 година со Одлука бр бр. 27-6567/9 од 16.11.2015 година, од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:


СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за дел во УЕ 4, УБ 32, Општина Велес

 

Граници на опфатот се:
- На запад - ул.Димитар Влахов,
- На северо-исток - ул.Вера Циривири
- На југ – ул. Бошко Златанов и ул.Кресненско Востание

Опфатот е со површина од 1,44 ха.
Јавната анкета и Јавната презентација по Предлог Детален урбанистички план за дел во УЕ 4, УБ 32, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување Соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на Предлог планот во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, од 18.05 до 01.06 2017 год., од 7,30 до 15.30 часот во просториите на Општина Велес.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.05 2017 година во 13:00 часот во просториите на Општина Велес.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
М-р Славчо Чадиев

УП БР. 1310-30
од 15.05 2017 год.
Велес