Соопштенија

ОД ПЕТОК НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ – можност за локално невреме.

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи.
Позначајно дестабилизирање на времето ќе има од петок попладне, па во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особена во петок вечер и во сабота околу пладне и попладне
Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.