Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - прво авионско третирање против комарци

СООПШТЕНИ Е ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ја информира јавноста дека, поради лошите временски услови прво авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 08 јуни (Четврток) 2017 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 09 Јуни (Петок) 2017 год.

 

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.