Соопштенија

5ти Јуни – Светски ден за заштита на животната средина

Општина Велес, на граѓаните им го честита 5ти Јуни – Светскиот ден за заштита на животната средниа – со едниствена желба да ја сочуваат здравата животна средина и да не дозволат никогаш повеќе да ни се случи „Топилница“.

Трагите од повеќедецениското загадување сеуште се присутни. Иако Велес повеќе не е еколошка црна точка, сепак мораме заедно интензивно да работиме на зачувување на животната средина како од комунален, така и од електронски и технолошки отпад. Никогаш повеќе да не се дозволи индустрискиот развој да се плаќа со уништување на здравата животна средина. Инаку, за целиот свет заштитата на животната средина претставува еден од најголемите предизвици на денешницата. Промовирањето на орджливиот еколошки развој и интелегентното користење на енергијата се едни од главните цели на Општина Велес, а истовремено преку енергетско ефикасните практики ги поддржуваме акциите насочени кон заштита на животната средина.

Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.