Соопштенија

Продолжува воведувањето на стандардизирани садови за отпад во општината

Во последните три години Општина Велес, со средства од буџетот набави и распредели 3180 канти за отпад од 120л. од кои: 2180 во зелена боја за складирање на комунален отпад и 1000 во жолта боја за складирање на селектиран отпад (хартија, стакло, картон, лименки).

Во распредeлбата беа опфатени домаќинствата во индивидуално домување од улиците: Костурска, Пајак планина, Партение Зографски, Андреја Дамјанов, Белградска, Мите Богоевски, Наце Димов, Стеван Димитров, Павел Шатев, Кирил и Методиј, Архиепископ Михаил, Киро Чауле, Мирка Гинева, Луј Пастер, Камка Тоцинова, Коле Неделковски, Тодор Христов Офицерчето, АСНОМ, Панко Брашнар, Васил Ѓоргов, Мицко Козар, Васил Главинов, Васа Кошулчева, Крсте Мисирков, Кочо Рацин, Кузман Јосифовски Питу, Гемиџиска, Љубен Весов, Благој Ѓорев, Киро Зафиров, Оливер Китановски, Кумановска, Лазо Осмаков, 8ма Велешка бригада, Браќа Капчеви, Алексо Демниевски, Васил Иљоски, што претставува околу 18% од вкупниот број домаќинства во Општина Велес.

Граѓаните ги започнаа постапките на селекција на отпадот во своите домови. ЈКП Дервен врши собирање и транспортирање на селектираниот отпад секоја втора и четврта сабота во месецот, во периодот од 8-12 часот.

Општина Велес интензивно работи за подигнување на јавната свест за селекција на отпадот, но ова е процес кој бара време.

 

Задоволни од постигнатите резултати во собирањето на картонската амбалажа од трговските објекти, Општина Велес и ЈКП Дервен го проширија подрачјето на собирање. Од 01.06.2017г. дополнително во системот се вклучија и трговските објекти од улиците: Борис Трајковски, Методија Андонов Ченто, 11ти Октомври и Плоштад Којник.

ЈКП Дервен врши собирање на картонската амбалажа секој ден освен во недела, во периодот од 19.00-21.00 часот.