Соопштенија

Известување на надградба на даночниот портал на Општина Велес

Почитувани,

Ве известуваме дека е ставена во функција новата верзија на даночниот портал на Општина Велес. Целта на истиот е да можете во секое време да ја имате на увид Вашата даночна состојба. Со решенијата за данок на имот од 2017 година, доставени Ви се и нови лозинки за пристап. 

 

Директен пристап до порталот е адрестата http://edanoci.veles.gov.mk или преку делот е-Услуги на веб страницата на Општина Велес ( veles.gov.mk )

По најавувањето на системот, за да Ви бидат прикажани податоците потребно е да кликнете на опцијата „Пребарај“, без разлика дали Ве интересираат податоци за финансиска картица, имот кој го пседувате, решенија за данок на имот итн. 

Во финансиската картица вредноста во Салдо претставува заостанат долг.

Со почит,
Општина Велес