Соопштенија

ОБЈАВА бр.1 /2017 за давање на деловни и административни простории во закуп со електронско јавно наддавање (вторa објава)

 ОБЈАВА бр.1 /201за давање на деловни и административни простории во закуп со електронско јавно наддавање (вторa  објава)

 

Врз основа на член 2, точка 4, алинеја 1, член 36 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15,153/15 и 190/16) Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, објавува закуп на деловни и административни простории од објект на КП 4810 во КО Велес, заведен во Имотен лист бр.31419, сопственост на Општина Велес, по пат на електронско јавно наддавање.

 

ПОДАТОЦИ ЗА ПРОСТОРИИТЕ КАКО ДЕЛ ОД НЕДВИЖНАТА СТАВАР КОИ СЕ ДАВААТ ПОД ЗАКУП

 

Административните и Деловни простории кои се предмет на закуп се наоѓаат на КП 4810 во м.в.„8-ми Септември бр.86“ и „Цар Самоил бр.1“, кои се дел од недвижниот објект-поранешен т.н.„Синдикат“, истите се запишани во ИЛ бр. 31419 за КО Велес, сопственост на Општина Велес.

 

Предмет на закуп се просториите со ПОЧЕТНА ЦЕНА на месечната закупнина:

 

                                         Ред.

број

Улица и број

Деловен простор

површина

Банкарска гаранција 2%  од проценетата вредност на недвижната ствар

 

Почетен износ

на месечната закупнина/ ден

(почетна цена за наддавање)

 

 

Почеток и час на јавното надавање на ден

 

29.08.2017година

приземје

 

1.

ул.Цар Самоил бр. 1

адм.дел.простор

бр.2 на приземје

18 м2

6.300,00

1.548,00

 

9 часот

приземје

 

2.

ул.8ми Септември бр.86

дел.простор

 –дуќан на приземје

влез 7

39m2

63.400,oo

15.863,00

9 часот и 30мин

2.

ул.8ми Септември бр.86

дел.простор

–дуќан на приземје

влез 8

40m2

69.600,oo

17.396,00

 

10 часот

I

 

1.

ул.Цар Самоил бр. 1

адм.дел.простор

бр.2 на кат I

18 м2

6.240,00

1.548,00

10 часот и 30мин

2.

ул.Цар Самоил бр. 1

адм.дел.простор

бр.3 на кат I

9 м2

3.120,00

774,00

11часот


2.

ул.Цар Самоил бр. 1

адм.дел.простор

бр.9 на кат I

15 м2

 

5.200,00

1.290,00

11часот и 30 мин

3.

ул.Цар Самоил бр. 1

адм.дел.простор

бр.10 на кат I

31 м2

10.800,00

2.666,00

12 часот

4.

ул.Цар Самоил бр. 1

           

адм.дел.простор

бр.11 на кат I

17 м2

6.000,00

1.462,00

12часот и 30 мин

II

 

1.

ул.Цар Самоил бр. 1

адм.дел.простор

бр.2 на кат II

18 м2

6.200,00

1.548,00

13часот

 

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е закуп на деловните (дуќани) и административните  простории (канцеларии) од објект од КП 4810 што  се во сопственост на Општина Велес, изразени во табеларниот преглед. Просториите кои се предмет на закуп, можат да се видат секој работен ден од 13:00 до 16:00, часот со претходна најава, до член на Комисијата.

Истите се издаваат во закуп во времeтраење од три години од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.

По склучување на договорот купувачот во рок од 30 дена, истиот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Постапката за закуп со електронско јавно наддавање ќе се спроведува преку електронски систем за јавно наддавање.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски (на www.e-stvari.mk) и треба да ги содржи следните податоци за подносителот на пријавата:

-име и презиме, односно фирма (за правни лица)

-телефон за контакт, адреса, e-mail

Заедно со пополнетата пријава подносителот задолжително треба да ја достави и следната документација:

- Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата

 -тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија, за домашни правни лица

 - извод од регистрација од соодветен регистар за странски правни лица

 - за физички лица копија од лична карта или пасош

 - доказ за уплатена Банкарска гаранција.

 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 24.08.2017 год.

Објавата трае двaесет (20) дена почнувајќи од 05.08.2017 год  до 24.08.2017 год.

Документите се прикачуваат електронски на софтверот и не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци.           

Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.                      

Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk.

                                                                                                                                 

НАПОМЕНА: Заедничките простории кои не се предмет на јавно наддавање ќе се користат по утврден куќен ред

 

ДЕПОЗИТ

Депозитот претставува гаранција за учество во јавното наддавање и изнесува 2% од почетната цена на закупнината.

Уплатениот депозит во целост им се враќа на учесниците кои што нема да бидат избрани за најповолен понудувач, во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање.

Депозитот на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

Уплатата на депозитот да се изврши во корист на Општина Велес, на трезорска сметка 1000000000630-95, сметка на Буџетски корисник 711014100963010, приходна шифра 725939-00, назив на примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Велес, Банка на примач: Народна банка на РМ.

 

ПОСТАПКА

 Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:

- Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

- Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

- За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закуп на недвижните ствари.

- Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

- Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на сметка на Општина Велес во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, депозитот нема да се врати, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.

- По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од пет работни дена по извршената уплата на постигнатата цена за закуп на недвижната ствар, Градоначалник на Општина Велес склучува договор за закуп на недвижната ствар. Договорот во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на пренос на сопственоста, нотарските трошоци се обврска на закупувачот.

-Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три  дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од  пет дена од приемот на приговорот.

 

Против, Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат на телефоните: 043/232-406 локал 115..  

 

Комисијата за недвижни и 
движни ствари сопственост
на Општина Велес

Број 02-3361
04.08.2017 год.
Велес