Соопштенија

ОБЈАВА бр.2 /2017 за продажба на движна ствар во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање (втора објава)

Врз основа на член 2, точка 4, алинеја 2, член 47 став 2 и член 48, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15 и 190/16) и Одлуката за отуѓување на патнички моторни возила сопственост на Општина Велес бр.27-4800/5, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес ја дава следната:

 ОБЈАВА бр.2 /201за продажба на движна ствар во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање (втора објава)

 

 ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА СО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  Е:

1.“CITROEN C5" со рег.број  VE-195-BR со следниве карактеристики :

 

Вид на возило

Патничко возило

Марка

CITROEN

Тип, изведба

C5

Година на производство

2005

Број на шасија

VF7RCRFJC76706649

Број на мотор

RFJ10LH1U1358124

Силина на мотор(KW/KS)

103 KW

Работна зафатнина на моторccm

1997

Маса напразно  возило во кг

1469

Места за седење

5

Форма или намена на каросерија

ЛИМУЗИНА

боја

20 црна

Регистарски број на возило

VE-195-BR

Прва регистрација

29.01.2007

Старост на возило до дата на проценка 29.08.2016 година  согласно година на производство 01.07.2005 година

11 години 1 месеци и 28 дена т.е11 години и 2 месец

Податоци за сопственик според

 сообраќајна дозвола

Општина Велес ул.Панко Брашнар бр.1

 Со почетна цена од 256.138,00 денари

 Увидот на движната ствар – возила кои се предмет на јавно наддавање можат да се видат секој работен ден со претходна најава кај Комисијата од 12 до 15:30 часот лице за контакт Панче Јанев –043/ 232-406 локал 115.

 ПРАВО НА УЧЕСТВО

 Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои  што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

 УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 Постапката за продажбата на движната ствар е со електронско јавно наддавање, преку електронски систем за јавно наддавање. Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски ( на www.e-stvari.mk) и треба да ги содржи следните податоци за подносителот на пријавата:

 -име и презиме, односно фирма (за правни лица)

-телефон за контакт, адреса, e-mail

 Заедно со пополнетата пријава подносителот задолжително треба да ја достави и следната документација:

 - Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата

 -  тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија, за домашни правни лица

 -  извод од регистрација од соодветен регистар за странски правни лица

 -  за физички лица копија од лична карта или пасош

 -  доказ за уплатен депозит

 

Документите се прикачуваат електронски на софтверот и не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци.

           

Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.            

         

 Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

 

Објавата трае двaесет (20) дена почнувајќи од 05.08.2017 год. до 24.08.2017 год.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk.

            

Јавното електронско наддавање за 1.“CITROEN C5" со рег.број  VE-195-BR ќе започне на ден  29.08.2017 год. со почоток во 14:00 часот.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

 Почетната цена на движнaта ствар е проценетата вредност на истата наведена во табеларниот приказ.

Цената за продажба на движната ствар – е утврдена согласно Извештајот за проценка на пазарна вредност на транспортни средства од Друштвото за услуги Завод за вештачење II VI 432/2016.

 

ДЕПОЗИТ

 

Депозитот како гаранција за учество за јавното наддавање изнесува 2% од почетната цена на електронското наддавање.

 

Уплатениот депозит во целост им се враќа на учесниците кои што нема да бидата избрани за најповолен учесник, во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање.

 

Уплатата на депозитот да се изврши во корист на Општина Велес, на трезорска сметка  1000000000630-95, сметка на Буџетски корисник 711014100963010, приходна шифра     725939-00, назив на примач: трезорска аметка, Буџет на Општина Велес, Банка на примач : Народна банка на РМ.

 ПОСТАПКА

  Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:

- Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.- Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

- Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.- Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

- За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за продажба на недвижните ствари.

- Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

- Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на сметка на Општина Велес во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.

- По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од пет работни дена по извршената уплата на постигнатата цена на недвижната ствар, Градоначалник на Општина Велес склучува договор за продажба на недвижната ствар. Договорот во рок од 30 дена се доставува кај нотор заради вршење на пренос на сопственоста, нотарските трошоци се обврска на купувачот.

-Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три  дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од  пет дена од приемот на приговорот.

-Против Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат  на телефоните: 043/232-406 локал 109.  

                                                             

Број 02-3363/1
04.08.2017 год.
Велес                                                                                                            

Kомисија  за    недвижни и движни ствари  
во сопственост на Општина Велес