Соопштенија

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓани,
Дозволете ми, Вам, верниците од муслиманска верисповед од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, да ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот исламски празник Курбан Бајрам.
Овој празник за вас има голема важност. Курбан Бајрам одсекогаш бил симбол за почитта, толеранцијата и љубовта помеѓу луѓето.

Годинешново празнување нека биде во духот на помаѓањето, солидарноста, споделувањето и грижата. И овој Курбан Барјам да им подадеме рака на помалку имотните и на сите оние на кои им е потребна помош.
Најискрено посакувам празникот да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија споделувајќи љубов со ближните.
Со почит,
Славчо Чадиев,
Градоначалник на Општина Велес