Соопштенија

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело - „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година.

1.Признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.
Кандидатите за Деветоноемвриски признанија, делото за кое се предложени да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општината Велес.
2.Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.
3. Предлози за доделување на 9-то Ноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ можат да поднесуваат Градоначалникот, Комисијата за општествени дејности, член на Советот на Општина Велес, органи, организации, политички партии, здруженија на граѓани и поединци.
Предлозите мора да бидат образложени.
4. Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, Комисија за општествени дејности на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес или лично најдоцна до 5 октомври 2017 година.
Претседател
на Комисијата за општествени дејности,
д-р Горан Јовиќ с.р.