Соопштенија

Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за Предлог планска програма за изработка на ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, КО Велес, Општина Велес

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден 15.09.2017 година, донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена

1.За планскиот документ Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УЕ 11, УБ 54, КО Велес, Општина Велес кој го донесуваОпштина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2.Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УЕ 11, УБ 54, КО Велес, Општина Велес се определуваат следните:Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, Совет на Општина Велес.
3.За планскиот документ Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УЕ 11, УБ 54, КО Велес, Општина Велес, за чија изработка е одговореноОпштина Велес, а го донесува Советот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УЕ 11, УБ 54, КО Велес, Општина Велесќе има влијание врз животната средина.
4.Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Сегашната состојба со животната средина во рамките на планскиот опфат; Влијанијата врз животната средина со планираните намени: Г-ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ(Г2-лесна и незагадувачка индустрија,Д -ЗЕЛЕНИЛО (Д2-заштитно зеленило), Д3-спорт и рекреација, Д4-меморијални простори, Г3-сервиси, Г4-стоваришта), Е- ИНФРАСТУКТУРА (Е1-комунална инфраструктура), на локалитет на западниот дел на општина Велес, односно го опфаќа делот на Фабриката за керамички блокови "Киро Ќучук", во УЕ 11, УБ 54, КО Велес, Општина Велес;Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животна средина(воздух, почва, води, население и човеково здравје)и Индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планското решение.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велесна следната веб адреса/и: www.veles.gov.mk.
6.Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирањево рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.