Соопштенија

На Велешко езеро ќе се гради автокамп  

Одлуката со која надлежните институции дадоа согласност за основање на автокамп на Велешко езеро Младост од денеска официјално е објавена во Службен весник на Репулика Макеоднија.

Тоа пркатично значи дека нема никакви правни пречки на најатрактивната туристичка локација во близина на Велес да се изгради уште една нова содржина.

Минималните услови кои треба да се исполнат во автокампот се четврта категорија со една ѕвездичка, по примерот на автокамповите во соседството.

Според одлуката автокампот на Велешко езеро ќе биде со површина од 7738 метри квадратни.