Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - истекување на нафта

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради дефект на резервоарот во ССОУ „Коле Неделковски“ во почвата се истечени (понирани) големи количини на нафта.  

За да се избегнат било какви последици, граѓаните ЗАДОЛЖИТЕЛНО  за пиење да ја користат водата од градскиот водоснабдителен систем, а не од локалните чешми и бунари, затоа што таа може да била во контакт во истечената нафта. 

Исто така доколку во сопствените бунари или при наводнувањето на земјоделските површни забележат присувство или мирис на нафта тоа веднаш да го пријават во Општина Велес на телефонскиот број 043/232-406

Градоначалник

на Општина Велес

Аце Коцевски