Соопштенија

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА

Општина Велес, ЈКП Дервен и организацијата „Нула отпад Скопје“ организираат “АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА“.
Целта е да се заштити животната средина од опасен отпад.
Во отпад од електрична и електронска опрема спаѓа:

- големи домашни апарати,
- мали домашни апарати,
- компјутерска опрема,
- електронска опрема,
- опрема за осветлување,
- електрични и електронски апарати,
- електронски играчки и опрема,
- кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони
- батерии и акумулатори
Акцијата ќе се реализира од 10 до 30 ноември 2017 година.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во акција можат да се јават на телефонскиот број 070/233-768 секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот. Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП Дервен бесплатно ќе го превземе од Вашите домови и при тоа на граѓаните ќе им е издаде изјава за примопредавање.

Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски