Соопштенија

Општина Велес подготвена за можно излевање на реката Вардар

По обилните дождови, Општина Велес ги известува граѓаните дека е подоготвена да се справи со ризиците од излевање на реката Вардар во градот и околината. Стручни екипи работат на терен и состојбата се следи континуирано.

Стручните служби во општината го посочија мостот кај Башино Село како најкритична точка во моментов. Во попладневните часови ангажирана механизација ќе ги чисти носечките столбови од наносите со дрва кои претставуваат закана за статиката на објектот.

Откако ќе се заврши чистењето, машините ќе останат во непосредна близина за да бидат подготвени да интервенираат доколку тоа е потребно.

Состојбата континуирано се следи и од дежурните екипи на противпожарната единица. На секои два часа пожарникарите ќе излегуваат на терен и ќе вршат контроли.

Во меѓувреме ќе се подготвуваат и вреќи со песок кои ќе бидат поставена на места каде има најголем ризик од излевање на Вардар.

Општина Велес апелира до сите граѓани на будност и навремено известување на сите надлежни служби