Соопштенија

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaвилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес 27-6771/4, а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува

К О Н К У Р С
за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

За учебната 2017/2018 година, Општина Велес ќе додели:
- 10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

- 10 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

Услови за доделување на стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех, кои освоиле I наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.
2. Редовни студенти со континуирано студирање, кои освоиле I награда на државни или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9,00 и над.
3. Да се жители на Општина Велес и
4. Да се државјани на Република Македонија.

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

1. Пријава од апликантите до Комисијата.
2. Свидетелства за континуиран одличен успех.
3. Уверение за положени испити.
4. Потврда за запишана година на факултетот.
5. Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.
6. Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.
7. Потврда за објавени стручни трудови.
8. Препорака од предметниот наставник/ментор на студентот.
9. Препорака од наставничкиот колегиум/училиштето-факултетот.
10. Уверение за семејно и материјална положба.
11. Потврди за личен доход на вработените членови од семејството.
12. Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
13.Спецификација на прилижени документи.

Место и рок за поднесување на документите

Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака „за Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ ул. „Панко Брашнар” бр.1 Велес со доставување во Општинскиот центар за услуги.
Рокот за поднесување на документите е од 13 до 20 декември 2017 година.
Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Документи доставени по пошта нема да се разгледуваат.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на завршувањето на конкурсот.
Резултатите од конкурсот ќе бидат истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.
Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.
Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 226

Конкурсот ќе биде објавен:
-на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес
-на огласна табла во Општинскиот центар за услуги,
-на огласна табла во сите средни училишта во градот
-на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес и на
-локалните медиуми.

 Број 25-5299/4                                                                                                                                                        ПРЕТСЕДАТЕЛ

12.12.2017 година                                                                                                                               на Комисија за стипендирање на

Велес                                                                                                                                                  талентирани ученици и студенти на

                                                                                                                                                                      Советот на Општина Велес,

                                                                                                                                                                             м-р Живко Пренџов