Соопштенија

Дежурен мобилен телефон за потребите на граѓаните 078/254–729

Врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за донесување итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, Општина Велес воведува ДЕЖУРЕН МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН за потребите на граѓаните.

Телефонскиот број 078 / 254 – 729 е достапен 24 часа. Истиот го опслужуваат одговорни лица во Територијалната противпожарна единица во Велес.

Дежурните лица имаат обврска да водат дневна книга со записи за број на јавувања/пријави кои веднаш ќе ги пренесуваат до надлежните во општинската администрација
На дежурниот мобилен телефон граѓаните можат да пријават:

  • палење на гуми,
  • кабли,
  • отпад,
  • стрништа,
  • пластика или
  • друг вид на опасен отпад кој предизвикува зголемување на загаденоста на амбиентниот воздух. 

Освен ова на дежурниот телефон може да се пријави појава на:

  • свлечиште,
  • рушење на потпорен ѕид или 
  • објекти склони кон паѓање.

Општина Велес алепира до граѓаните да се јавуваат на телефонскиот број 078/254–729 и да пријават неправилности од ваков тип. На тој начин заеднички ќе придонесеме за поздрава животна средина и за побрза реакција во случај на природни непогоди.