Соопштенија

Акција за отстранување на моторни возила

Почитувани сограѓани,

Општина Велес и СВР Велес ќе започнат акцијата за отстранување на нерегистрирани, хаварисани и искористени возила, приклучни возила и земјоделски машини со приклучни или без приклучни орудија.

Акцијата ќе ги опфати и оние возила кои се паркирани на определените места за паркирање, а имаат налепница-известување дека возилата се продаваат, како и непрописно паркираните возила на автобуските и такси стојалиштата.

Се замолуваат сите граѓани кои имаат оставено нерегистрирани, хаварисани и искористени возила, приклучни возила и земјоделски машини со приклучни или без приклучни орудија, возила кои имаат налепница-известување дека се продаваат и непрописно паркирани возила, истите да ги отстранат од јавните сообраќајни површини, улици, паркинзи, хортикултурно уредени зелени површини, градските зеленила паркови и другите јавни површини во град Велес.

Со тоа ќе придонесат за успешно спреведена акција, односно ќе дадат свој придонес за чист град и здрава животна средина.

Со почит,
Општина Велес.