Соопштенија

Известување - бесправно изградени објекти

Согласно Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл.весник на РМ бр.190/2017) Општина Велес ги известува граѓаните дека:

Нови барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти СЕ ПРИМААТ ОД 01.01.2018 ГОДИНА ДО 31.12.2018 ГОДИНА - КОМПЛЕТНИ ( ова се однесува за објекти изградени до 03.03.2011 година за кои барателот досега нема доставено барање во ниту еден од претходно дадените рокови) .
Барањата се примаат комплетни со геодетски елаборат и сметки за јавни услуги (струја, вода) или Изјава дека објектот е изграден пред влегување во сила на ЗПБИО со цитирана катастарска парцела и Геодетски елаборат во неа.

Барателите кои имаат поднесено барања во 2011 год., а за кои се издадени Решенија за одбивање поради некомплетност (Геодетски елеборат и др.) можат да поднесат нови барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти(објекти изградени до 03.03.2011 година), до 30.06.2018 година, со целокупната документација согласно закон.

За ова пред поднесувањето на барањето потребно е да се изврши консултација со службено лице од општинската администрација

Барањата се доставуваат во Граѓанскиот сервис центар во Општина Велес.

Со почит,
Општина Велес