Соопштенија

Пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 118, став 3 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16), Градоначалникот на Општина Велес изврши пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-52/1 од 04.01.2017г.

Од оператор носител на дозволата:
Друштво за производство, трговија и услуги
МАКИДА ТРЕИД ДООЕЛ Велес
Регистрирано седиште на правното лице:
ул. "Благој Ѓорев" бр. 96/18 Велес,

На оператор превземач на дозволата:
Друштво за производство, трговија и услуги
ДАМИКС-ТРЕЈД ДООЕЛ увоз–извоз с. Башино село Велес
Регистрирано седиште на правното лице:
ул. Божин Брзаков бр. 1А-1 Башино село Велес,

За категорија на инсталација:
Инсталација за сепарирање на песок
Проектиран капацитет:
10м3/час преработена суровина
Локација на инсталацијата:
м.в. Река Вардар, на КП15533/3, КО Велес.

Б-интегрирана еколошка дозвола и решението за пренос на дозволата сe објавени на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk



ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Аце Коцевски