Соопштенија

Соопштение: Актуелна слика за квалитетот на амбиентниот водзух во Велес

Почитувани,

Општина Велес Ве информира дека во мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 во работа се инструментите за О3 (озон), SO2 (сулфур диоксид), NO-NO2-NОx (азотни оксиди) и CO (јаглероден моноксид).
Од 28.12.2017г. по 12.00 часот не е во функција инструментот за суспендирани честички во воздухот со големина до 10 микро метри (РМ10).

Општина Велес се обрати до надлежните служби во Министерството за животна средина и просторно планирање и доби одговор дека се врши сервисирање и калибрација на инструментот за РМ10.
Мерењата за параметарот суспендирани честички во воздухот со големина до 10 микро метри (РМ10) привремено се прекинати.

Општина Велес им укажува на сите заинтересирани граѓани, медиуми и други интересни групи кои го следат квалитетот на воздухот преку веб апликацијата Мој воздух, дека на правата страна на апликацијата секогаш се појавува AQI – Air Quality Index кој претставува сума на СИТЕ ИЗМЕРЕНИ ВРЕДНОСТИ на сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за Common AQI од 0 до 100.
Значи, средна вредност од О3, SO2, NO-NO2-NОx, CO и РМ10.
Во овие денови вредностите се многу добри, но не треба да се занемари фактот дека ПМ10 не се мери и не влегува во AQI.

Затоа, кога ќе дојдете до податок дека AQI е добар до одличен овие денови, не заборавајте дека суспендираните честички не се мерат.

Условите за внимателност во живеењето, работата и однесувањето на сите жители во општината остануваат исти.

За подобро да ја објасниме состојбата, следи Print Screen на загадувањето и индексот од 02.01.2018г. во 19.41 часот.