Соопштенија

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП за УЕ 7 дел од УБ 41, ЦОУ “Васил Главинов”, КО Велес, Општина Велес

 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2018 година со Одлука бр бр. 25-4877/4 од 15.11.2017 година, од Советот на Општина Велес,  Градоначалникот на Општина Велес  го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Предлог  

ДУП за УЕ 7 дел од УБ 41, ЦОУ “Васил Главинов”, КО Велес, Општина Велес 

Граници на опфатот се :

  • Од северната страна границата на планскиот опфат се движи по оската на сервисна улица „1”, покрај јужната граница на КП бр. 1362 (надвор од опфат) од каде се спушта кон југ.
  • Источната граница на планскиот опфат се движи по осовината на улица „Борис Трајковски“ до пресек со осовина на улица „Никола Карев“
  • Југозападната граница на опфатот е дефинирана по оската на улицата „Никола Карев”,
  • На западна страна границата се движи по осовина на улица „Индустриска“.

       Опфатот е со површина од 4,30 ха.

Јавната анкета и Јавната презентација по Предлог ДУП за УЕ 7 дел од УБ 41, ЦОУ “Васил Главинов”, КО Велес, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување Соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на Предлог планот во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, од 29.01 2018 год до 09.02 2018 год., од 7,30 до 15.30 часот во просториите на Општина Велес.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.02 2018 година во 09:00 часот во просториите на Општина Велес.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Аце Коцевски