Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Променет режим на сообраќај на улица Тодор Јанев

Почитувани,
Поради реконструкција на премногу оштетен горен бетонски слој, Општина Велес од утре ќе извршува реконструкција на дел од улица Тодор Јанев.


Ги информаираме граѓаните на Велес, а посебно населението кое живее и гравитира во тој дел од градот дека од утре 15.02.2018 година (четврток) со почеток во 07:00 се до сабота наутро, забранет за сообраќај ќе биде делот од улицата Тодор Јанев на спојот со улицата Лазо Трпков, кон спојот со улицата Рилски Конгрес (поранешна Игманска). Сообраќајот во горните зони во четврток и петок ќе биде пренасочен по улицата Рилски конгрес и Сараевска.
Општина Велес апелира за разбирање, затоа што во наредните два дена сообраќајот на тој дел од градот ќе се одвива отежнато.
Со почит,
Општина Велес