Соопштенија

Посета на збратимениот град Сомбор, Србија

 

На покана на градоначалничката на Сомбор Душанка Голубовиќ и претседателот на Советот на Градот Сомбор, Зоран Парчетиќ, делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски во периодот 16-17 февруари годинава престојуваше во збратимениот град Сомбор, Република Србија. Делегацијата присуствуваше на одбележувањето на Денот на Град Сомбор 17-ти Февруари.

Во рамките на престојот, градоналникот Коцевски оствари средба со градоналничката Голубовиќ на која разговараа за понатомошниот развој  на соработката контекст на европските проекти. Претседателот на општинската огранизација на Црвеиот крст Д-р Милчо Трајков имаше можност да се сретне со своите колеги од Сомбор. Членовите на делегацијата присуствуваа и на свечената академија по повод Денот на Град Сомбор.