Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ (За чистење на снег на јавната површина пред објектите од страна на корисниците)


Се известуваат сите,сопственици односно корисници на јавни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во зимски услови при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти, со што ќе обезбедат непречен пристап до нив.

Отсранувањето на снегот е согласно член 22 ст.2 од Законот за Јавна чистота и член 16 од Одлуката за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес.
Доколку сопствениците или корисници на јавните објекти не го исчистат снегот пред нивните објекти, надлежните инспекциски служби ќе изречат глоба согласно Законот за Јавна чистота.

Општина Велес