Соопштенија

Информација за наставата во градските и подрачните училишта

Општина Велес ги известува граѓаните дека вo најголема мера со ангажман на стручните служби и приватните оператори, проблемите со пристап до училиштата се надминати.

Денеска без проблем започна наставата во Црквино, Сливник и Клуковец. Единствено се регистрирани проблеми со наставата во подрачното училиште во Раштани поради непроодност на патот.

Во Бузалково, одделенската настава утринава започна без проблеми, додека поради потешкотии со пристапниот пат во училиштето не се оддржува предметна настава.

Стручните служби и операторите работат на терен за надминување на проблемите. Во подрачјето на градот не се регистрирани проблеми во училиштата.