Соопштенија

СООПШТЕНИЕ за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од страна на ЈКП Дервен

Општина Велес ги известува граѓаните дека заради актуелните временски услови постојат пречки и потешкотии во извршувањето на услугата за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од страна на ЈКП Дервен.

Ги замолуваме граѓаните кои живеат на повисоките зони, поради непристапноста на улиците за возилата за собирање на отпад, доколку се во можност кесите со отпад да ги оставаат во контејнерите поставени во пониските зони на градот.

Веднаш штом се создадат услови за непречено движење на возилата, повторно ќе биде воспоставена услугата за собирање на отпадот од врата на врата, во вечерните часови, согласно воспоставениот распоред.

Благодариме за разбирањето.