Соопштенија

ОБЈАВА за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Велес

Врз основа на член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16 и 71/16) и член 32 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Велес („Сл.гласник на општина Велес“ бр.2/18), 

О  Б  Ј  А  В  А

за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Велес за следните линии

 

Бр. на линија

Име на линијата

Траса на линијата

2

 

Автобуска станица - Железничка станица -  Автобуска станица

Преку улиците:

„Петре Прличков“, „Кресненско востание“, „Димитар Влахов“, „Илинденска“, „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“, „8-ми Септември “, „А.Д.Бауман“, „АСНОМ“, „Наум Наумовски-Борче“, „Благој Ѓорев“, „8-ми Септември “, „Илинденска“, „Димитар Влахов“, „Кресненско востание“, „Петре Прличко“

3

Автобуска станица - Којник -  Автобуска станица

Преку улиците:

„Петре Прличков“, „Анѓел Мишев“, „8-ми Септември“, „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“, „8-ми Септември“,    „А.Д.Бауман“, „Наум Наумовски-Борче“, „Благој Ѓорев“,„Васил Ѓоргов“, „8-ми Септември “, „Илинденска“, „Димитар Влахов“, „Кресненско востание“, „Петре Прличко“

4

Велес – Раштани до нови гробишта Велес

Преку улиците:

„Димко Најдов“, „8-ми Септември“, „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“, „8-ми Септември“, „А.Д.Бауман“, „АСНОМ“, “Борис Трајковски“, „11-ти Октомври“,  „Андон Шурков“, „Благој Ѓорев“, „Луј Пастер“.

5

Велес - Чолошево - Велес

Преку Трпезица             

6

Црквино – Велес - Црквино

Преку Венуле и Бабуна

7

Караслари -  Велес - Караслари

Преку Бабуна

8

Иванковци - Велес – Иванковци

Преку Мамутчево

9

Бузалково -  Велес - Бузалково

Преку с.Раштани и улиците: „Раштански пат“, „Андон Шурков“, „Благој Ѓорев“, „8-ми Септември“, „Илинденска“, „Димитар Влахов“, „Кресненско востание“, „Петре Прличко“ и во обратен правец

10

Оризари - Велес - Оризари

Преку Свилара и Превалец и по улиците „Благој Ѓорев“, „8-ми Септември “, „Илинденска“, „Димитар Влахов“, „Кресненско востание“, „Петре Прличко“ и во обратен правец

11

Кумарино - Велес - Кумарино

Преку  Сујаклари, Отовица, Башино Село и улиците „Академик Панче Давечев“, „Димитар Влахов“, „Петре Прличко“ и обратно

12

Башино село - Велес - Башино село

Од Башино село преку  улиците: „Вардарска“, „Наум Наумовски Борче“, „Благој Ѓорев“, „8-ми Септември“, „Илинденска“, „Димитар Влахов“,  „Кресненско востание“, „Петре Прличко“

 

Заинтересираните превозници, Понудите да ги достават до Велес (Општина Велес ул.,,Панко Брашнар,, б.б. Велес), во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на објавата, во затворен плик препорачано по пошта или со потврден прием во архивата на горенаведената општина со ознака ,,Понуда за распределба на линиски превоз на патници за територијата на Општина Велес, во затворен внатрешен плик на кој во левиот агол стои “Не отварај“.

 

Понудата за распределба на општински линиски превоз на патници потребно е да ги содржи следните податоци:

- Линијата т.е линиите за кои се бара распределба;

- Понудена цена за превозот;

- Предлог возен ред со временски термини за поаѓање од почетно стојалиште, за секоја линија за која се бара распределба;

            - Фотокопија од Решение за упис во централен регистар во кое ќе има регистрирана претежна дејност - Вршење на превоз на патници во патниот сообраќај, не постаро од 60 дена;

- Фотокопија од Потврда за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз на патници;

- Фотокопии од сообраќајните дозволи за секое возило одделно или Договор

 за лизинг со сообраќајните дозволи за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер (заверени кај нотар);

- Список на вработени возачи во редовен работен однос со фоткопие на обрасците М1 и М2;

- Копија од Лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Велес;

- Копија од Извод од лиценца за сите возила со којшто се планира да се врши превозот;

- Потврда од надлежен суд дека не е во сила правосилна судска одлука за сторено кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во на сообраќајот, не постара од 60 дена;

-Потврда од надлежен суд дека не е изречена мерка за безбедност, забрана за вршење на дејност, не постара од 60 дена;

Понудата треба да биде потпишана и заверена од законскиот застапник на превозникот.

Постапката за распределба на линии за превоз на патници за територијата на Општина Велес, ја спроведува Комисијата за спроведување на постапка за доделување на линии за вршење на линиски превоз на патници формирана од Градоначалникот на Општина Велес, врз основа на следните критериуми:

-Цена за понудената линија;

-Старосна структура на возилата со кој ќе се врши линиски превоз;

-Број на возила со кој ќе се врши линиски превоз;

-Број на поаѓања од почетно стојалиште за побараната линија;

-Број на вработени.

Понудите кои не се поднесени во предвидениот рок и кои не ги содржат  комплетно бараните податоци (докази) од Објавата, нема да бидат разгледувани.

            Отворањето на понудите ќе се изврши на ден 09.03.2018 година, во 12.00 часот во просториите на Општина Велес, во присуство на понудувачите.

             Се известуваат превозниците коишто ќе достават понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на општина Велес, дека опслужувањето на линиите се врши исклучиво согласно Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Велес.

За подетални информации може да се обратите секој работен ден во Општина Велес на телефон 076/495-850 (лице за контакт Тијана Маневска).