Соопштенија

Предлог дневен ред за 12-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-___/1
07.02.2018 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 12- та седница на Советот
на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 14.02.2018 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот.

-Усвојување на записник од 11-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1.Годишен извештај за работењето на Општина Велес за 2017година.
2.Предлог-одлука за изработка на документ „ВЕЛЕС – ПАМЕТЕН ГРАД” СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ 2018 – 2030.
3.Предлог-одлука за изработка на ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТНА ВЕЛЕС 2018 – 2030.
4.Предлог-одлука за основање на јавно претрпијатие за енергетика.
5.Предлог-одлука за основање на јавно претпријатие за јавни паркиралишта.
6.Предлог-одлука за утврдување на висината и начинот на плаќање на надоместокот за одржување на јавната чистота.
7.Предлог- одлука за престанок на важност на Одлуката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес во областа на културата-„Рацинови средби“.
8.Предлог-одлука за утврдување начин на времено користење на административни и деловни простории од објекти и објекти сопственост на Општина Велес по пат на електронско јавно наддавање.
9.Предлог-одлука за отпочнување со работа и вршење на дејност на Јавната општинска установа за деца –Детска градинка „Димче Мирчев“Велес, во други просторни услови.
10.Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д1 (Парковско зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
11.Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена индустрија во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
12.Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена образование во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
13.Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д2 (заштитно зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
14.Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Велес.
15.Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Г2 (лесна индустрија), Г3 (сервиси) и Г4 (стоваришта) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Башино Село.
16.Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д2 (заштитно зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Башино Село.
17.Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Д2 (заштитно зеленило) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Иванковци.
18.Предлог-одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот за КО Караслари.
19.Предлог-одлука за откажување од корисничко право од недвижен имот за КО Мамутчево.
20.Предлог-план за вработување во Општина Велес и ТППЕ за 2018година
21.Годишен извештај за спроведување на Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Велес за 2017 година.
22.Извештај за примена на мерки за енергетска ефикасност во 2017година.
23.Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2017 година.
24.Годишен финансов извештај за работата и завршна сметка на Локалната установа „Народен музеј“ Велес за 903,787 и 603 (општинска) за 2017 година.
25.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 903, 787, 785 и 603 (општинска) за 2017 година.
26.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес за 903, 787, 785 и 603 (општинска) за 2017 година.
27.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ Велес за 903, 787, 785 и 603 (општинска) за 2017 година.
28.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2017 година.
29.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Средното општинско училиште „Коле Неделковски“ Велес за 903,785,787 и 603 (општинска) за 2017 година.
30.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2017 година.
31.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Благој Кирков “ Велес за 903, 787, 785 и 603 (општинска) за 2017 година.
32.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2017 година.
33.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2017 година.
34.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2017година.
35.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2017 година.
36.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски - Буридан“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2017 година.
37.Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ Велес за 903, 787 и 603 (општинска) за 2017 година.
38.Годишна завршна сметка на ЈП за стопаснување со спортски објекти „Парк Спорт“ за 2017 година.
39.Предлог-решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортскиот објект „двоен тениски терен“ при ЈПССО„Парк -Спорт“ Велес.
40.Предлог-решение за именување на претседател и членови на Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“.
41.Предлог-решение за изменување и дополнување на Решението за формирање на Комисија за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес.
42.Предлог-решение за именување претседател и членови на Комисија за вршење на расход на основни средства и ситен инвентар сопственост на Општина Велес.
43.Предлог-решение за именување претседател и членови на Комисијата за проценка и утврдување на надомест на штата од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Велес.
44.Предлог-решение за именување на член во Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес.

Со почит,
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров