Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Прекин на сообраќајот на регионалниот патен правец Велес – Градско

Почитувани,
Сообраќајот на регионалениот патен правец Велес – Градско од претпладневните часови е во прекин. Причина е голем одрон на карпа во близина на вливот на реката Тополка во река Вардар (по Долни дуќани).

Сообраќајот е пренасочен преку автопатот Е-75.

Делницата од регионалниот пат Велес – Градско ќе биде забранета за сообраќај се додека не се исчисти одронот и не се создадат услови за нормално движење на моторните возила.

Со почит,
Општина Велес!