Соопштенија

ЈАВЕН ОГЛАС - Советник за спроведување на урбанистички планови

Согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014 и 27/2016) и член 22 став (1) алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“бр. 2/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015; 72/2015; 129/2015 и 27/2016)  

Градоначалникот на Општина Велес објавува: 

ЈАВЕН ОГЛАС

за засновање на работен однос  на  определено време 

За своите потреби Општина Велес распишува јавен оглас за вработување/ засновање на работен однос на 1 (еден) работник на определено време за следното работно место:

  1. Советник за спроведување на урбанистички планови - 1 извршител

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Кандидатите покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е :

- да имаат завршено најмалку високо образование VII/1  степен или студии со стекнати најмалку 240 кредити од областа на Архитектура, урбанизам и планирање  или градежништво и водостопанство и најмалку три години работно искуство во струката

-посебни работни компетенции и тоа:

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) 

-општи работни компетенции за сите места и тоа:

-решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг; -учење и развој;

-комуникација; -остварување резултати; -работење со други/тимска работа; -стратешка свест;-ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и -финансиско управување.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:

-доказ за државјанство

-доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност

- уверение/диплома за завршен степен на образование

- доказ за работно искуство

-кратка биографија со задолжително наведен контакт телефон и адреса

-писмо за мотивација 

Распоред на работно време: работни часови во неделата = 40 часови, со работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата за работното место иззнесува 25.000,оо денари.

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време (до замена на привремено отсутен работник до две години).

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Кандидатите ќе се избираат со претходна проверка на доставените документи и знаења од посебно формирана Комисија. Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју, во рок од 5 дена по извршената селекција.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавите  со потребната документација треба да се достават во затворен плик  во архивата на Општина Велес или по поштата на следната адреса: Општина Велес ул„Панко Брашанар“бр. 1, Велес, со назнака: „Јавен Оглас за засновање на работен однос на определено време“

Кандидатите се должни да ја пополнат прилижената пријава кон огласот.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

Лице за контакт на тел.043/232 406, локал 114 или 127.

 

                                                                                                            за Општина Велес

                                                                                                            Градоначалник

Аце Коцевски