Соопштенија

Општина Велес дел од програмата „РОМАКТЕД“

Започна реализацијата на програмата РОМАКТЕД - „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво". Општина Велес е една од 12-те во Република Македонија каде под партонат ЕУ и Советот на Европа ќе се спроведува проектот.

Програмата има за цел: подобрување на условите на живеење на Ромската заедница и вклучувањето во социјалниот живот, преку градење на политичка волја и одржлив ангажман на локланите власти.

 На конференцијата која се одржа во Скопје присуствуваше Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, кој потпиша меморандум за разбирање со цел обезбедување рамка за соработка при спроведување на програмата „РОМАКТЕД“. Тој пред присутните имаше свое обраќање во кое го изрази задоволството од можноста Велес да се вклучи во оваа значајна програма за интеграција на Ромите и ги презентираше клучните анализи и предизвици за граѓаните од ромската заедница.

Имплементатор на програмата е невладината организација „Сонце“. Истата треба да биде завршена до 2020 година.