Соопштенија

УТРЕ ЌЕ СЕ САНИРААТ ДУПКИТЕ НА УЛИЦА 8-МИ СЕПТЕМВРИ ОД ПОШТА ДО С'РМААЛЕ

Почитувани,

Во текот на утрешниот ден 28.03.2018 год. ќе се изведува санација на дупките на улица „8-ми Септември“, на потегот од Пошта до С'рмаале. Зафатот ќе се изведува во период од 09:00 до 11:00 часот.

Додека се изведуваат работите сообраќајот ќе се одвива отежнато, по само една сообраќајна лента и со наизменично пропуштање на возилата од двата правци.

Општина Велес апелира до граѓаните за трпеливост и почитувње на насоките oд сообраќајната полиција која ќе го регулира протокот на движење. Воедно препорачуваме доколку нема голема и неодложна потреба да го избегнуваат тој дел за движење со моторни возила.

 

Со почит,

Општина Велес