Соопштенија

Предлог дневен ред за 13-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 25-1501/1
22.03.2018 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), донесувам


Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 13- та седница на Советот
на Општина Велес


Седницата ќе се одржи на ден 29.03.2018 година (четврток) во просториите на Општина Велес со почеток во 12:00 часот.

-Усвојување на записник од 12-та седница на Советот на Општина Велес.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Советнички прашања.
2. Предлог-одлука за давање согласност за основање на Регионална депонија за Вардарскиот регион.
3. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес.
4. Предлог-одлука за давање на управување на ЈКП „Дервен“ Велес водоснабдителен и канализационен систем за населено место Сливник.
5. Предлог-одлука за престанок на важност на Одлуката за делегирање на дел од надлежностите на Општина Велес од областа на културата - античка драма „Стоби“ Велес.
6. Предлог –одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Велес.
7. Предлог-програма за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Велес.
8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2018год.
9. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на образованието за 2018год.
10. Предлог-правилник за одредување на надомест за користење на сали и др. објекти сопственост на Општина Велес од страна на правни и физички лица за комерцијални услуги.
11. Извештај за реализација на Културната манифестација XIV-ти Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2017година.
12. Предлог-решение за именување претседател и членови на Организациониот одбор на културната манифестација фестивал на античка драма „Стоби“.
13. Предлог-решение за одобрување средства од Буџетот на Општина Велес за 2018год.
14. Предлог- решение за давање согласност на Годишниот план за вработување во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес за 2018година.
15. Предлог- решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.
16. Предлог-план за работа на ЈКП „Дервен“ Велес за 2018 година.
17. Годишен извештај за реализација на Програмата за одржување на јавната чистота на територија на Општина Велес за 2017 год.
18. Предлог –решение за давање согласност на Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на бруто плата на вработените во ЈКП „Дервен“ Велес.
19. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП „Дервен“ Велес за период од 2018-2020година.
20. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за утврдување на цените за вршење на хортикултурни услуги на јавни зелени површини на „ЈКП Дервен“ Велес.
21. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за утврдување висина на цените за вршење на услуги према правни и физички лица на „ЈКП Дервен“ Велес.
22. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за утврдување на цените на услугите за метање, миење и чистење на снег и мраз на јавните површини на ЈКП „Дервен“ Велес.
23. Предлог-решение за давање мислење за Програма за организирано изведување на ученичките екскурзиии и други слободни активности за учебната 2017/2018 година на ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“с.Иванковци Велес.
24. Предлог-решение за давање мислење за Програма за изведување на ученички екскурзии и излети за учебната 2017/2018 година на ООУ „Благој Кирков“ Велес.
25. Предлог-решение за давање мислење за програма за реализација на ученички екскурзии и други слободни активности во учебната 2017/2018 година на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес.
26. Извештај за работата на Полициска станица од општина надлежност Велес за 2017година.
Напомена: Материјалот по точките 21 и 22 ќе Ви биде дополнително доставен.

Со почит

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       ПРЕТСЕДАТЕЛ
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                 на Советот на Општина Велес
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       м-р Душко Петров