Соопштенија

Пролетна акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ веќе осма година по ред организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започнува денеска, 16 Април, и ќе трае до 15 Мај.

Се молат граѓаните доколку имаат потреба за отстранување на габаритен отпад да се пријават на тел: (043) 233-768 во Сектор Комунална хигиена секој работен ден од понеделник до петок од 07.00 до 14.00 часот и во сабота од 07.00 до 12.00 часот, при што ќе договорат термин кога ЈКП Дервен да прати специјално возило и да го собере отпадот. 
Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.

Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна и претставува одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад.