Соопштенија

ЈАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „ПАРК-СПОРТ“ -Велес

Врз основа на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02) и член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр. 38/96.........64/18) а, согласно Одлуката за распишување на јавен конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „ПАРК-СПОРТ“ –Велес, бр.08-2077/1 од 25.04.2018 година,
Градоначалникот на Општината Велес, распишува

ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на Јавното
претпријатие за стопанисување со
спортски објекти „ПАРК-СПОРТ“ -Велес

Се распишува Јавен конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „ПАРК-СПОРТ“ –Велес.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени со Законот за работни односи:
- да е државјанин на Република Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве посебни услови, утврдени во актите на Јавното претпријатие:

 Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршено VII/1 степен образование
 Има минимум 5(пет) години работно искуство;

(Напомена: условот за познавање на англиски јазик преку поседување на еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT)-најмалку 74 бода, IELTS (ILEC)-најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal)-најмалку Б2(В2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First)-положен, БУЛАТС (BULATS )-најмалку 60 бода, или АПТИС (APTIS)-најмалку ниво Б2 (В2), избраниот кандидатот кој е именуван е должен да го исполни условот, најдоцна во рок од една година од денот на неговото именување).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата = 40 часови, со работно време од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот.

Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето во дневните весници, а кандидатите кои ги исполнуваат општите услови од ЗРО и компетенциите предвидени во посебните услови ќе бидат повикани на интервју во рок од 5 (пет) дена по завршувањето на јавниот оглас.
Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 5 дена од денот на склучувањето на договорот за вработување.
Со пријавата, кандидатите треба да приложат:
-Кратка биографија-CV;
-Докази за исполнување на наведените услови и тоа:
-Уверение за државјанство;
-Диплома или уверение за завршена стручна подготовка;
-Потврда за работно искуство;
-Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија , дејност или должност и
-План и програма за работа на јавното претпријатие во наредните 4(четири) години.
Пријавата со потребната документација во оригинал или заверена на нотар треба да се достави во запечатен плик со назнака„ За јавен конкурс за избор на Директор” , преку пошта или до архивата на Општина Велес на адреса: ул. „Панко Брашнар“ бр1. 1400 Велес.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.